Политика за приватност

This Agreement was last modified on 18 February 2016.

Целта на политиката за приватност е обезбедување тајност и сигурност на податоците, како и оневозможување злоупотреба, објавување или споделување со други правни или физички лица во согласност со Законот за заштита на личните податоци и позитивната законска регулатива.

А.Д. Пошта на Северна Македонија врши обработка и чување на личните податоци собрани преку ИТ системите на Пошта единствено и исклучиво за овозможување квалитетна, точна и брза услуга на своите клиенти. Податоци и информации што вршат идентификација на корисник се чуваат во временски период потребен за исполнување на целта заради која се собрани, а можат да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука заснована на закон.

На писмено барање на клиент може да се овозможи увид, измена или бришење на личните податоци со кои располагаме.Политиката за приватност може да претрпи измени при што изменетиот текст ќе биде објавен на веб страната.

За прашања во врска со заштитата на личните податоци, испратете електронска порака на следната мејл адреса:

gordana.sotirovska@posta.com.mk

Со користење на веб-страницата се согласувате со одредбите од Политиката за приватност.