,

Сонливи приказни(на Македонски,Албански и Босански јазик)


490.00 ден

Во овие тријазични приказни мошне сугестивно и природно е доловен светот на децата (Хана и Таро), преку посетите на нивната тајна волшебна шума во која непосредно и искрено се разоткриваат нивните желби, игри, соништа и копнежи, како и нивниот детски, возбудлив, неизвалкан и секогаш инвентивен начин на размислување. Преку комуникацијата на децата со животните од шумата во овие приказни се проникнуваат реалистичните елементи со параметрите на бајката и басната. Токму во тајната волшебна шума, преку разговорите и интеракцијата со најразличните животни, децата Хана и Таро (но и децата кои ќе ги читаат овие приказни) добиваат можност да научат суштествени нешта за низа темелни аспекти и вредности на животот: од солидарноста и меѓусебното почитување, до љубовта и пријателството.

Приказните во книгата се преведени на три јазици и тоа: Македонски јазик, Албански јазик и Босански јазик.

Тежина 1 kg

Врз основа на прегледите на 0

0.0 вкупно
0
0
0
0
0

Биди прв што ќе прегледа “Сонливи приказни(на Македонски,Албански и Босански јазик)”

Сe уште нема прегледи.