,

Магнети домашни животни


Кутијата содржи 26 магнети со илустрации на домашни животни, 26 магнети со називите на тие животни на македонски јазик и 26 магнети со називите на тие животни на англиски јазик. Илустрирани се сите домашни животни, а кај некои од нив одвоено младенчињата и нивните родители.

Комплетите од магнети можат да се користат во наставата и дома, на магнетни табли, но и на фрижидер и на сите феромагнетни површини. Погодни се за правење постери тогаш кога соодветната тема е актуелна, а на тој начин не се зазема голем простор на ѕидот, како што е случајот со класичните постери. Исто така, можат да се користат и за интерактивна работа со децата при класификација, именување на поимите на македонски и на англиски јазик. Многу се погодни за организирање друштвени игри и квизови, затоа што сликите и називите се поголеми од оние кај класичните друштвени игри и можат да се поставуваат вертикално поради магнетот, со тоа што ќе бидат видливи за поголем број деца.

Другите комплети од серијата се изработени на ист или сличен начин и поголемиот број од нив даваат нови можности за користење, особено при класификациите и организирањето на друштвените игри.

1,950.00 ден

Тежина 0.500 kg

Врз основа на прегледите на 0

0.0 вкупно
0
0
0
0
0

Биди прв што ќе прегледа “Магнети домашни животни”

Сe уште нема прегледи.