,

Азбука


420.00 ден

Дидактичка игра наменета за деца од 3 до 7 години. Целта е описменување низ игра по принципот „од полесно кон потешко“ и „од познато кон непознато“. Испишувањето на зборови е резултат на пронаоѓањето на две идентични сликички. Содржи 31 двострана картичка (поим / слика од тој поим), 54 двострани картички (поим и почетна голема буква / слика со големата буква и истата мала буква). Елементите се двострано каширани лепенки.

Детето многу бргу ќе ја прифати самостојно играта, затоа што самата постапка е на негово ниво, многу едноставна. Од друга страна, вниманието ќе му го задржи новината што му е позната, а тоа е испишување збор. Детето ќе го разбере читањето дури тогаш кога ќе успее зборот да го подели на букви, што е обратна постапка од досега видените, ама затоа е значително поефикасен. Откако ќе ја сфати суштината на играта, детето со помош на картичките со букви ќе може да испишува зборови по свој избор.

Тежина 0500 kg

Врз основа на прегледите на 0

0.0 вкупно
0
0
0
0
0

Биди прв што ќе прегледа “Азбука”

Сe уште нема прегледи.